Канцерогеното брашно веќе се продало во маркетите во Македонија


Околу 1,5 тон од српското брашно заразено со микотоксини, кое беше утврдено дека завршило на македонскиот пазар, веќе било потрошено. Македонските граѓани го купувале низ маркетите во пакувања од 500 и 750 грама. Останатите осум тони кои биле увезени се веќе повлечени од промет.

brasno srbija zarazenoЌе се казнат увозниците, доколку се утврди вина кај нив, но според досегашните сознанија, увезената пленица имала сертификат за исправност од Србија, а зошто србските извозници не навеле дека брашното има митоксини топрва ќе се бара одговор..

,, Надлежните српски служби треба да ни кажат зошто резултатите од анализите покажале отсуство на афлатоксин, дали во моментот кога биле земени мострите брашното било исправно со оглед дека количествопто афлатоксини се зголемува во случај на несоодветно складирање. Значи, можно е анализите да биле негативни, а во меѓувреме, во брашното да се покачиле вредностите на микототксините ако чувањето не било како што треба, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски.

Македонија ќе прави контрола и на производите од пченка – пченкарното брашно и гризот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1