КАРАКАЧАНОВ ТВРДИ: Над 90.000 Македонци имаат бугарски пасоши


Македонските власти да ја почитуваат бугарската припадност на граѓани што живеат во Република Македонија и да ги искористат искуствата на Бугарија во евроинтегративниот процес за членство во Европската Унија, бидејќи освен европската, за Македонија нема друга иднина, порача бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од денешната национална конференција на Здружението за македонско – бугарско пријателство во Битола. pasos bugarija

Секогаш кога Македонија била во тешка ситуација, во Бугарија има една политичка формација – ВМРО која и помага на Македонија.

Сега Македонија е повторно во тешка ситуација и во Бугарија нема кој друг да се сети на вас, освен повторно ние, порача лидерот на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов.

,,Овде се собрани луѓе кои ја делат нашата идеја а таа е дека Македонија и Бугарија треба да имаат добри пријателски односи, а не да се караат за глупости. Историјата да ја оставиме на историчарите. Тоа не е работа на политичарите. Политичарите треба да работат граѓаните на Македонија и граѓаните на Бугарија да живеат подобро.,,-рече Красимир Каракачанов, претседател на ВМРО и претставник на Народното собрание на Бугарија.

Здружението за македонско – бугарско пријателство од Битола одбележа пет години постоење и досега има ограноци во Штип, Пробиштип, Кичево и Велес. Според нивни интерни проценки, брои околу 2.000 члена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1