Kарактерот според цртите на лицето: Десната страна е наследство од мајката – левата од таткото


Многупати ни се случило  гледајќи нечие лице да почувствувате пријатност или некое непријатно чувство. Можеби сте сретнале непозната личност која на прв поглед ви е симпатична или па целосно одбивна, а причината за тоа едноставно не можете да ја објасните. Некои стручњаци решението го наоѓаат во физиогномиката на лицето – умешност за читање на цртите на лицето, обликот на черепот и градбата на телото.

Karakter crtiСтареењето, слабеењето, дебелеењето па и отстранувањето на веѓите или со пластичните операции нашата физиономија непрекинато се менува, а толку често се менува и нашиот карактер.

Тоа е логично, бидејќи ако личноста која себе си се смета за неатрактивна  ќе ослабне или ќе пормени нешто на себе, ќе го промени и својот став.

Но, истотака може да се случи изменетото лице да исчитува нешто сосема спротивно од вистинскиот карактер на личноста, заклучуваат стручњаците.

Техниката на читање од лицето може да ни помогне во работата. За успешен деловен разговор идеално е да користите техника која подразбира копирање на изразите на лицата и гестовите на другите луѓе со секунда задоцнување, но се разбира не премногу очигледно.

Лажењето е најлесно да се открие бидејќи личноста која не ја зборува вистината најчесто избегнува директен поглед, нервозно поткашлува, често ја држи раката преку устата, ги лиже своите усни, тапка со нога и го намалува гласот.

Во древна Кина и Јапонија физиогномијата била многу раширена – Нембоку Мизуно најголемиот јапонски физигном-дијагностичар кој со посматрањето на црите на лицето и телото можел да го одгатне карактерот на луѓето, добрите и лошите страни и нивната предодреденост.

akni liceЗа што всушност се работи? Нашите тела , па така и лицето се асиметрични. Стручњаците велат дека левата страна е наследство од таткото, а десната страна од мајката. Кога се проучува  и се чита од лицето, нашата личност се крие во оној дел кој е најизразен или најразвиен, а тоа се челото и увото.

Челото и увото имаат три зони, а се посматраат  однапред и од профил. Горната зона на челото е интелектот, па луѓето чиј врв на челото е поизразен се интелектуални, додека оние кои имаат  изразен долен дел од челото, кај вегите, сакаат да уживаат во животот.

Средниот дел од челото се емоциите, а средниот дел од увото ја изразува вештината и способноста за комуникација тврдат стручњаците.

Што се однесува до лицето, постојат четири типа: облик на триаголник, превртен триаголник, четвртасто и округло лице.

mazi zeni lice

Секој од нив има свои особини па така според оваа теорија, личноста со триаголно лице сака и цени директен пристап во комуникацијата.

Не сака да врти од околу ниту пак сака нејаснотии, и сака искреност која, за разлика од некои други типови, може да ја поднесе.

Нејаснотиите во комуникацијата доведуваат до судири бидејќи кога не испрќаме јасни пораки, соговорникот може погрешно да ги протолкува.Од друга страна, личностите со округли лица знаат внимателно да слушаат. Тие се соговорници кои заинтересирано ги слушаат туѓите излагања и проблеми, но не знаат да ги решат.

Очите кои важат за огледало на душата, истотака многу зборуваат за личноста, а треба да се гледа колкава е нивната оддалеченост, големина, облик итн.

Луѓето со ситни очи сакаат директен начин на комуникација, искрени се и отворени, брзо преоѓаат од тема на тема не губејќи се притоа во следењето на разговорот.

Луѓето со крупни очи уживаат во опуштен разговор, стабилни се и сакаат да разговараат за различни теми, имаат бујна фантазија и креативни се , но честопати ја преминуваат границата помеѓу реалното и измисленото.

Луѓето со полни образи се весели и се вистински пријатели, полни со разбирање и вистинско рамо за плачење. А оние пак со полни усни се свртени кон уживањата, се склони кон заведување, сензуални се и се свртени кон сексуалните задоволства.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1