Карлеуша имала спонтан абортус и го изгубила бебето: Голем борец сум и нема да кукам!


Српската пејачка Јелена Карлеуша во јануари годинава имала спонтан абортус во осмата недела на бременоста, пренесе српскиот магазин „Стори“.

karleusa-400-x-300

– Тоa е моја работа, моја интима и не сакам да се зборува за тоа, изјавила пејачката за овој магазин, потврдувајќи ја веста за нејзиниот спонтан абортус.

Таа додала дека тоа се случило како последица на континуираниот стрес, кој во нејзиниот случај завршил со катастрофални последици.

– Не знам од каде ви е таа информација, тоа е моја лична работа. Не сум од оние кои кукаат и повеќе сакам да ме гледате како неуништлива. Иако сум жена и мајка на две деца, се сметам себе си за голем борец, одговорила Карлеуша на прашањето дали е точно дека доживеала абортус.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1