Мексиканскиот милијардер Карлос Слим стана најголемиот акционер во „The New York Times – NYT “ откако го искористи правото двојно да го зголеми својот удел во американскиот весник на 16,8 проценти.
Слим во 2009 година, во екот на финанскиска криза, му позајми на „NYT“ 250 милиони долари, со гаранции дека ќе може да го зголеми уделот во компанијата, пишува „Блумберг“.
„NYT“ ги отплати парите позајмени од Слим во 2011 година. Уделот на мексиканскиот милијардер во њујоршкиот весник се проценува на 341,4 милиони долари, според вчерашната цена на акциите од 12,28 долари.
Слим така се приклучи во низата милијардери кои инвестираат во медиумите. Основачот на „Amazon“ Џеф Безос во 2013 година го купи „Washington Post“, а директорот на компанијата „Berkshire Hathaway“ Ворен Бафет инвестираше во повеќе весници.