Карпош: Пукање од автомобили во движење


Синоќа околу 22:45 часот пријавено е дека на крстосница на ул. „Софиска“ со ул. „Московска“ во Скопје од две патнички возила „Ауди“ во движење било пукано кон патничко возило „Мерцедес“.

На местото на настанот излегле полициски службеници и при преглед на теренот биле пронајдени четири чаури калибар 9 мм.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1