Катица Јанева одлучила да не дава исказ за „Рекет“


Екс шефицата на СЈО, Катица Јанева нема да оди да дава исказ во обвинителството. Ваквата одлука таа им ја соопштила на своите бранители кои денеска во истражниот затвор се сретнале со Јанева.

Адвокатката Ирена Фрчкоска рече дека во оваа фаза од постапката, Јанева одлучила да не ја дава својата одбрана за “Рекет” каде е осомничена за злоупотреба на службената положба.

Во меѓувреме во Апелациониот суд пристигнало мислењето од Вишото јавно обвинителство за жалбата по одлуката на кривичниот суд кој како неоснован го отфрли предлогот таа да ја напушти “Шутка” а дека нема да побегне гарантираше со три станови.

Од судот велат дека во следните денови ќе ја разгледаат жалбата и ќе одлучат дали за Јанева ќе се прифати одредување на поблага мерка на претпазливост.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1