Катимерини: Црквата на ФИРОМ се откажува од идентитетот – „македонска“; МПЦ со свој став


Православната христијанска црква на поранешната југословенска Република Македонија (ФИРОМ) побара од Вселенската Патријаршија да ја приклучи во своите редови – потег што се смета дека има значајно влијание врз тековните разговори за името помеѓу Скопје и Атина, пишува катимерини.

Според соопштението објавено вчера, Светиот синод на Вселенската Патријаршија треба да се изјасни околу барањето од раководството на црквата во Македонија да биде воведена под името “Охридска архиепископија”, бидејќи планира да се откаже од својот идентитет како “Црква на Македонија”, се вели во текстот објавен во електронското издание на грчкиот весник катимерини.

Како што пишува во текстот, барањето било писмено испратено од премиерот, Зоран Заев, до Вселенскиот Патријарх, Вартоломеј, духовен водач на светските православни христијани.

Таквите наводи се потврдени и од страна на грчката Влада, преку одговор на Кабинетот на премиерот Алексис Ципрас до опозицијата во кое се вели:

„Единствено што постои до овој момент е одлуката на Светиот синод на Вселенската Патријаршија да се спроведе потребното за да се задоволи барањето на премиерот на ПЈРМ за бришење на терминот „Македонија” од името на црквата на нашите северни соседи“.

Синодот на МПЦ-ОА излезе со свој став во кој ги негира сите информации во јавноста дека од Вселенската патријаршија било побарано признавање на статусот на црквата со бришење на теминот македонска. Како што објваи на својот сајт Влесенската партијаршија се бара македонската црква во канонски поредок да влезе под името Охридска архиепископија. Црковни извори појаснуваат дека со ваквото барање, кое Вселенската патријаршија веќе го стави на разгледување, всушност станува збор за еклисиолошко име, а не име на национална основа.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1