Катица Јанева избркала од работа двајца обвинители


Ова се случувало пред една седмица во канцелариите на специјалното јавно обвинителство, обелодени претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски. Обвинителките Лајла Кадриу и Марија Ѓоревска, Катица Јанева ги испратила дома бидејќи немало доволно предмети за и тие да работат.katica janeva 3

Вчера Јанева, според Аневски,  спротиовно на законот за јавното обвинителство, писмено го известила советот дека обвинителките сами побарале да бидат вратени во матичните обвинителства. Кој ја зборува вистината Јанева или обвинителките Советот допрва ќе истражува.

За постапката на Јанева велат дека сепак дошло на нивното кога пред еден месец тврдеа дека се многу обвинители, а Јанева не почнуваше да работи додека не го доби целиот тим.sovet na obviniteli

За случувањата во канцелариите на Јанева обвинителите ќе бараат отчет лично од неа. Она што ги интересира е и што се случувало во истата соба кога  таа ги зеде материјалите од Зоран Заев. Ќе треба да каже каде ги примила, како ги складирала, дали ги преброила и сортирала. Ова денес го одлучи советот на седница која траеше повеке од два часа, а на која беа присутни сите членови како и јаниот обивител Марко Зврлевски.

Од советот велат дека ова не се закани за дисциплински или било какви постапки против Јанева туку проверка на нејзинатата работа.

Причината е дека кога ќе дојде ден тие материјали да бидат уништени да се знае точно што се уништува. Таа според законот за јавни обвинители одговора пред Советот кој за избра но и кој може да ја разреши.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1