Каубојот со нежно срце


Професионалниот НФЛ играч од Тексас Андре Џонсон можеби нема да добие награда за најдобар спортист, тој можеби нема да влезе во холот на славните во НФЛ, но затоа дефинитивно ќе ја добие наградата за еден од најхуманите спортисти и луѓе во 2012 година.

Тој заедно со неговата фондација, Добротворна фондација Андре Џонсон, реши да го повтори  традиционалниот ритуал за да усреќи загрозени деца од неговиот град.

А, дефинитивно спортистот го има рецептот за да им го поклони најубавиот Божиќ на напаатените дечиња, се што е потребно е 12 деца, 80 секунди, продавница за играчки и 19000 долари.

Децата кои се од семејства со семејно насилство и се раселени, биле однесени во големиот ланец на продавници за играчки „ Toys R Us“ и на сите им биле дадени големи колички за шопинг. Потоа им било кажано дека се што ќе стават во количките за 80 секунди(1 минута и 20 секунди) ќе им биде купено и подарено за Божиќ.

„ Ќе помислите дека минута и 20 секунди се малку време, но ќе бидете изненадени колку работи овие дечиња можат да стават во количките“ – изјави Џонсон по шопингот.

Сепак, дека хуманоста не познава граници потврди и фактот дека сите деца покрај играчките за нив, во количките додале и подароци за роднините и другарите, Џонсон само се смеел и плаќал за се.

Фондацијата има многу активности низ целата година, но изјавата на Џонсон за веб страната на тимот потврдува дека ова му е дефинитивно омилената активност.

„ Мислам дека ова е најдобрата (активност), бидејќи децата уживаат во неа,“ додаде тој. „ Тоа е што е важно во ова време од годината. Ова го чекав цела година. Децата се среќни, тие го добија тоа што го сакаа за Божиќ, и тоа е тоа што е важно.“

Сепак, тој не застана само на таа активност. Истиот ден се приклучи на фондацијата „Син Дедо Мраз“(фондација на полицијата на САД, која им помага на децата во целата држава) и заедно со началникот на полицијата на Хјустон изненади 800 ученици од основно училиште со подароци.

Господине Џонсон, можеби не сте еден од најдобрите спортисти во светот, но затоа сте дефинитивно еден од најдобрите човечки битија, и поради тоа ви симнувам капа.

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1