Јуан Фанг, маж од Кина во последните неколку денови доживеал два страшни шока. Првиот се случил кога учествувал во тешка сообраќајна несреќа, а вториот кога прв пат ги отворил очите и сфатил дека околу креветот се сите негови девојки. Сите седумнаесет.
Ниту една од нив, пишува Daily Mail, не знаела за останатите 16 девојки. Со една од нив бил во врска цели девет години, а со една имал и дете. Сепак, кога секоја од нив била известена од докторите дека Јуан е во болница и е повреден, сите 17 жени дошле да го посетат.
„Навистина се загрижив кога слушнав дека е во болница. Но, кога почнаа да доаѓаат и други многу убави девојки, повеќе едноставно не можев да плачам“, изјавила една од девојките со која Јуан бил во врска осумнаесет месеци.
Мајката на неговото дете низ солзи им рекла на медиумите дека не го сака повеќе, а сите заеднички отвориле група на една од социјалните мрежи за да можат да комуницираат и да видат колкави размери имал сексуалниот и романтичен апетит на Јуан.
Неговиот „потфат“ предизвикал големо внимание кај медиумите во Кина, а покрај негативните коментари неретки се и оние кои му искажале восхитување. Како само успевал, без ниедна од нив да се посомнева? Како ги запомнил имињата од сите? Прашања имало многу, а одговорот е само еден – Јуан сигурно веќе нема да има толку среќа со девојките како што имал досега.