КАЗАНОВА: Имал 17 жени, а една за друга дознале на сосема неочекуван начин


Јуан Фанг, маж од Кина во последните неколку денови доживеал два страшни шока. Првиот се случил кога учествувал во тешка сообраќајна несреќа, а вториот кога прв пат ги отворил очите и сфатил дека околу креветот се сите негови девојки. Сите седумнаесет.02-kazanova-zeni-34r-22-17

Ниту една од нив, пишува Daily Mail, не знаела за останатите 16 девојки. Со една од нив бил во врска цели девет години, а со една имал и дете. Сепак, кога секоја од нив била известена од докторите дека Јуан е во болница и е повреден, сите 17 жени дошле да го посетат.

„Навистина се загрижив кога слушнав дека е во болница. Но, кога почнаа да доаѓаат и други многу убави девојки, повеќе едноставно не можев да плачам“, изјавила една од девојките со која Јуан бил во врска осумнаесет месеци.01-kazanova-17-zeni-354
Мајката на неговото дете низ солзи им рекла на медиумите дека не го сака повеќе, а сите заеднички отвориле група на една од социјалните мрежи за да можат да комуницираат и да видат колкави размери имал сексуалниот и романтичен апетит на Јуан.

Неговиот „потфат“ предизвикал големо внимание кај медиумите во Кина, а покрај негативните коментари неретки се и оние кои му искажале восхитување. Како само успевал, без ниедна од нив да се посомнева? Како ги запомнил имињата од сите? Прашања имало многу, а одговорот е само еден – Јуан сигурно веќе нема да има толку среќа со девојките како што имал досега.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1