Ќе има автобус од скопскиот до приштинскиот аеродром


Скопскиот аеродром воведува автобуска линија од „Александар Велики“ до аеродромот во Приштина. Организираниот автобуски превоз од аеродромот во Скопје до приштинскиот и обратно ќе почне да функционира од почетокот на август, три пати неделно.

aerodrom ohridСо линијата ќе стопанисува косовската туристичка агенција „Саба груп“. Според информациите објавени на нејзината интернет-страница, повратен билет од Скопје до Приштина ќе чини 20 евра, а билет во еден правец ќе биде 10 евра. Автобусите ќе возат во двата правца секој понеделник, четврток и недела. Идејата е да им се овозможи на патниците од Приштина да патуваат во странство преку скопскиот аеродром.

Во поглед на бројот на патниците и на нови авионски линии, аеродромите во Скопје и во Приштина се едни од најбрзо растечките последниве две години. Освен поголеми авиокомпании, изминатиов период од нив почнаа да летаат и повеќе нискобуџетни компании до десетина различни дестинации низ светот.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1