Мандела ќе биде исклучен од апарати


Поранешниот претседател на Јужна Африка, Нелсон Мандела кој има сериозни нарушувања на респираторниот систем во живот се одржува само со помош на апарати.

Докторите кои што се грижат за здравјето на поранешниот претседател на Јужноафриканската Република, Нелсон Мандела, ги советувале членовите на неговото семејство да ги исклучат апаратите за вештачко одржување во живот.

South Africa Mandela“Тој е во трајна вегетативна состојба и диши со помош на машина за одржување на живот. Докторите го советуваа семејството Мандела дека машината би требало да биде исклучена”, било наведено во правните документи поврзани со семејниот спор во врска со ексхумацијата на телата на трите деца на Мандела.

Семејството на Мендела сериозно ја разгледува и таа опција.

Претходно од надлежните во Јужна Африка беше соопштено дека здравјето на Мендела се оценува како „стабилно критично“.

Мандела е на интензивна нега во болница во Преторија, каде беше примен на осми јуни, поради инфекции на дишните патишта.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1