Бебе во источната кинеска покраина Анхуи, кое лекарите го прогласиле за мртво, изненадно заплакало и спречило да биде кремирано, пренесува кинеската агенција Синхуа.
Бебенцето од машки пол имало вродена мана на органите за дишење. Како што соопштуваат од болницата, неговите родители на 12 ноември се согласиле да го прекинат лекувањето.
Сепак, бидејќи детето давало знаци на живот било продолжено со трансфузија. Се испитуваат причините поради кои детето по грешка е прогласено за мртво, а лекарот и медицинскиот персонал кои тој ден биле дежурни се привремено отстранети од работа.
Детето сега е на реанимација и интензивна медицинска нега.