Министерството за труд и социјална политика, информира дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 1-ви јануари 2014 година, среда, кога се прославува Новата Година, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Според Програмата за неработни денови во 2014 година, во текот на месец јануари неработен ден за сите граѓани на Република Македонија ќе биде и 7-ми јануари, прв ден на Божиќ, според Православниот календар.
За припадниците на православана вероисповед неработни денови ќе бидат и 6-ти јануари кога се слави Бадник и 19-ти јануари кога се празнува празникот Богојавление-Водици.