Нема да има милост: Путин до терористите – Следува војна „до истребување“


По самоубиствените напади со десетици загинати во Волгоград, претседателот Путин се закани со одмазда на терористите. Нападите се во контекст на ЗОИ во Сочи, велат експертите, а тероризмот го поттикнува и самата држава, анализира
Дојче веле на македонски.

217353_putin-afp_f-Ќе ја продолжиме борбата против терористите консеквентно до нивното целосно уништување, изјави Путин во новогодишното обраќање. Тој вети итна помош за блиските на најмалку 34 загинати и на ранетите во двата последни самоубиствени напади во руската метропола Волгоград.

-На сите погодени од овие нечовечки дела ќе им помогнеме, најави Путин, што е и прва изјава на рускиот претседател во врска со вчерашните и завчерашни бомбашки напади.

Во Волгоград се испратени дополнителни 5.200 полицајци и војници во потрага по можни поддржувачи на напаѓачите, но и заради обезбедување на јавниот живот во новогодишните денови. Полицијата досега уапси најмалку 87 лица со неважечки документи, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи Андреј Пилипчук, а Кремљ нареди засилени безбедносни мерки.

Во Волгоград, како и некои други градови е откажана новогодишната прослава од безбедносни причини и поради воведената јавна жалост.

Бројот на загинатите се искачи на 34 луѓе во нападот во железничката станица и 16 во експлозијата на тролејбус.

Нападите предизвикуваат загриженост за безбедноста на претстојната Зимска Олимпијада во Сочи. Се повеќе инцидентите се доведуваат во врска со спортската манифестација, зашто исламистите од Северен Кавказ уште претходно се заканија со попречување на ЗОИ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1