Ќе се гине на секој чекор: Наскоро ќе започне битка над битките – сите страни се подготвени за крвава пресметка!


Силите кои ги обучувала турската војска на северот од Ирак ќе учествуваат во планираната операција против ИСИС во Мосул, јавија денес турските медиуми. Агенцијата „Анадолија“, повикувајќи се на неименувани официјални лица, наведе дека таа операција најверојатно ќе биде започната за неколку дена, ако „не дојде до некој непредвиден развој на настаните“.rusija-sirija

Портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера предупреди дека грешка од било кој вид за време на таа операција би можела да резултира со стотици илјади бегалци. Мосул, град со 1.5 милиони жители, е во самото „срце“ на самопрокламираниот калифат на Исламската држава од 2014 година, наведува агенцијата „Ројтерс“, додавајќи дека нападот на тој град се очекува овој месец.

Битка над битките

Додека ирачката војска со благослов на САД се подготвува за операцијата за ослободување на Мосул, терористите од ИСИС кои го држат тој втор најголем ирачки град од летото 2014 година, се подготвуваат за грчевит отпор, поставувајќи мини на изненадување по патиштата, подготвувајќи автомобили – бомбии копајќи мрежи на тунели.sirija 3

Според ирачките и американските власти, жителите јавувале дека клучните подрачја на градот се блокирани со бетонски ѕидови и дека терористите на ИСИС ископале ров длабок два метри кој планираат да го исполнат со запалена нафта за да го отежнато ослободувањето на градот кое би можело да започне на крајот од октомври.

Терористите ги бричат брадите за полесно да се вклопат меѓу жителите на Мосул и постојано ја менуваат локацијата на своето седиште. Еден жител за новинската агенција „Ројтерс“ рекол дека терористите регрутираат 8-годишни деца и дека ги вооружуваат со пиштоли и ножеви, па ги испраќаат да го шпионираат населението, па дури и да регрутираат други деца.

Хуманитарните агенции предупредуваат дека не се подготвени да пружат помош на 700.000 луѓе, колку што се очекува дека би можеле да побегнат од Мосул во првите неколку дена од борбата за градот.sirija
Турција во спор со Ирак

Турција е во спор со Ирак околу тоа кој би требало да учествува во нападот на Мосул. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна изјавил дека Турција, и покрај противењето на Ирак, е одлучна да земе учество во евентуалната операција за освојување на ирачкиот град Мосул кој го контролира ИСИС, а на ирачкиот премиер му порачал дека „треба да си го знае своето место“.

Турско – ирачките односи станаа затегнати откако Анкара на крајот од минатата година на северот од Ирак испратила сили за обука на локални борци, што Багдад го смета за кршење на својот суверенитет.turcija
Ирак повеќе пати бараше повлекување на Турција, што Анкара го игнорира.

Ердоган навел дека турските сили нема да се повлечат од базата кај Мосул, велејќи дека турската војска не прима наредби од Багдад, пренесува АП.

Разузнавачките служби вмешале прсти?

Американските и саудиските специјални служби се договориле на борците од ИСИС да им дадат можност безбедно да излезат од Мосул пред почетокот на освојувањето на силите на меѓународната коалиција, при што се претпоставува дека неколку илјади од нив ќе бидат префрлени на истокот од Сирија, соопштил воедно – дипломатски извор во Москва.

Според неговите зборови, дел од борците од ИСИС ќе бидат префрлени во Сирија поради офанзивата на Палмира и Дејр ел Зор, кои се под контрола на сириските владини сили.

tocka.com.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1