Ќе се гради или не на Водно – последен збор ќе има Уставниот суд


На седница на Општинскиот совет, 11 советници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против, додека 11 советници на СДСМ и коалицијата се изјаснија за решението на градоначалникот Андреј Жерновски, за стопирање на спорните ДУП-ови. Претседавачот на Советот, Мирослав Шиповиќ, гласаше воздржано.

opstina centarГрадоначалникот Жерновски реши да ги блокира ДУП-овите откако претходно за нивно донесување, на седница која ја бојкотираа советниците на СДСМ, гласаа 11 од вкупно 23 членови на Советот, односно мнозинството од присутните, но не и од вкупниот број советници. Таквиот исход ја отвори дилемата дали контроверзните измени во урбанистичките планови се усвоени според пропишаната законска постапка.

По резултатот од денешното гласање, градоначалникот Жерновски рече дека nа ваков начин не може да бидат носени одлуки и оти ќе го обжали гласањето пред Уставниот суд. СДСМ и коалицијата се спротиставуваат на донесувањето на ДУП „Тасино чешмиче – 1“ со образложение дека изградба на десеткатница на местото на хотелот „Панорама“ на Водно е небезбедно, што го аргументираат со стручно мислење на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) од 2009 година. Исто така, според нив, предложените измени не можат да бидат усвоени бидејќи не се во согласност со Генералниот урбанистички план на Град Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1