Ќе се менуваат границите на Балканот, на Македонија ѝ следува федерална заедница со Србија


На Балканот, порано или подоцна, ќе дојде до промена на границите, а новите меѓи, најверојатно, прво ќе се повлечат во Македонија, но и во Косово, тврди поранешниот заменик-шеф на ЦИА за Балканот, Стивен Меер.

„Сè можеше и мораше да се случи поинаку, но големите сили повеќе го гледаа сопствениот интерес отколку интересот на регионот“, вели професор доктор Стивен Меер, некогашниот заменик-шеф на ЦИА за Балканот во интервју за белградски „Вечерни новости“ за војните во деведесеттите години на просторот на земјите на поранешна Југославија. Тој смета дека ЕУ нема решение за Балканот, а дека за Соединетите Американски Држави регионот околу Балканот повеќе не е тема на интерес.

Говорејќи за Србија, тој проценил дека изборот на Александар Вучиќ за претседател на Србија е очекуван.

„Тој е паметен и ефикасен политичар и ќе направи кредибилна работа. Српскиот народ денеска е во потрага по големи достигнувања, особено во економските реформи“, изјави Меер во интервјуто.

На прашањето дали на 5 октомври се случила демократска револуција или преврат, Меер, кој на Балканот работел пред тој датум, одговара:

„Петтооктомвриската револуција во Србија беше во суштина отфрлање на власта. Тоа е направено затоа што многу политичари во Србија биле уверени дека земјата нема да може да тргне напред и дека нема да бидат прифатени од Западот додека Милошевиќ е на власт. Јасно е дека западните влади сакале да видат промена и дека аплаудирале на отфрлање на Милошевиќ“.

Говорејќи за ситуацијата во регионот, тој вели:

„Босна и Херцеговина сега е далеку од тоа да биде единствена држава. Прашањето на Косово станува сериозно, а Македонија сериозно пропаѓа веќе со месеци. Истовремено, ЕУ нема одговори на прашањата што го мачат Балканот“, истакнува Меер.

Тој смета дека евентуалната промена на границите меѓу Албанија и Македонија може да доведе до создавање голема Албанија, но дека тоа не би имало поддршка од САД.

„Сепак, важно е да се има на ум дека Вашингтон повеќе не е премногу заинтересиран за Балканот. Администрацијата на Трамп нема посебно да реагира ако тие промени се случат по мирен пат, слично на начин на кој, да речеме, Црна Гора дојде до независноста“, вели овој аналитичар.

На прашањето каква судбина ја очекува Македонија, Меер одговара:

„Ако Црна Гора и Косово може да утврдат независност, Македонија исто така би можела да постои како опција. Но, тоа можеби не е најдобриот правец за дејствување за таа мала Македонија. Во тој случај за нив би било мудро да ја разгледаат опцијата за федерална заедница со Србија“.

На прашањето како американската администрација би реагирала во случај да се формира таканаречена војска на Косово, тој вели дека американските власти не се наклонети на таа тема, но дека тоа може лесно да се промени.

„Администрацијата на Трамп има мал стручен пристап во односите на Балканот. Србија треба многу внимателно да ги следи промените во политиката на САД“, истакнува тој.

Според неговите зборови, таа војска, ако би била формирана, би додала уште еден интересен елемент во ситуацијата која е нестабилна. Тоа особено се однесува на опасноста од можните конфликти на северот во Косово, додал тој.

Говорејќи за ситуацијата во БиХ, Меер вели дека таа по отфрлањето на тужбата против Србија, би можела да стане нестабилна.

„Босанците сега се разочарани и гневни, а Србите живи. Тоа особено ги отежнува односите меѓу Федерацијата и РС“, нагласува Меер.

За можноста за евентуални терористички напади на Балканот, Меер изјави дека се работи за проблем што се зголемува и станува многу тежок за решавање, особено кога се работи за влијанието на вахабизмот во Косово.

„Особено опасност е врската меѓу организираниот криминал и тероризмот, па кога на тоа ќе се додаде и фактот дека Балканот е транзитно подрачје, тоа дополнително ни ја отежнува работата“, истакнува тој.

Што се однесува до интересите на САД и Русија на подрачјето, Маер смета дека за двете држави тоа ќе биде споредно место на дејствување и интерес. По 90-тите години, службените интереси на САД се завршени и американските интереси сега се префрлени на Блискиот Исток, а истото важи и за Русија, изјави Меер, кој сега е шеф на програмата за национална безбедност на Академијата „Даниел Морган“ во САД.

Интересно, Меер не гледа причина зошто Србија би станала членка на НАТО. Членството бара пари, постои притисок да се купува оружје, кое доаѓа од Америка и ЕУ, кое на Србија во моментот не е ѝ нужно“, вели Меер, кој истовремено смета дека Црна Гора сигурно ќе се приклучи на НАТО, иако не знае што ќе им донесе тоа.

Тој исто така смета дека ќе биде многу тешко, можеби и невозможно, да се оствари подобар однос меѓу РС и Вашингтон.

Според Меер, односите меѓу Русија и САД се многу лоши и тоа пред сè поради несогласувањето за Сирија и Украина, но и поради обвинувањата дека Москва била вмешана во претседателските избори во САД.

„Не е нужно САД и Русија да се сакаат, најважно е да можат да воспостават прифатлив работен однос. Но, тоа ќе биде многу тешко да се направи поради агресивната надворешна политика на Русија и неспособноста на администрацијата на Трамп“, заклучува тој.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1