ЌЕ СЕ ПРЕДОМИСЛИ ЛИ ЗАЕВ: И договорот од Пржино и Специјалното обвинителство висат!


Не можам да кажам дали договорот од Пржино е мртов. Остануваат деновите пред нас, да се димензионираат сите политики, на опозицијата, но и на власта, и согласно со тоа сите ќе можеме на крајот да извлечеме констатации и заклучоци, одговори вчера Зоран Заев, претседателот на СДСМ, на прашањето дали по нивната одлука за бојкот на изборите веќе не важи договорот од Пржино.zaev

По оваа одлука на СДСМ се отвори и прашањето за постоењето и на Специјалното јавно обвинителство.

На прашањето дали министрите на СДСМ ќе учествуваат во организација на изборите што опозицијата не ги признава Заев одговори дека одлуката не зависи од нив, но дека тие ќе направат сѐ за тие да не бидат во влада што има намера да спроведе криминални избори.

За учеството на нивните членови во работата на Државната изборна комисија, Заев рече дека денеска ќе имаат состанок со нив и уште еднаш ќе ги разгледаат сите аргументи и факти и секако дека една од поизвесните одлуки е нивно повлекување, но „штом ќе ја донесеме одлуката веднаш ќе ве информираме“.

На прашањето „какви се шансите наредните денови да дојде до промена на оваа одлука и сепак да учествувате на изборите?“, Заев одговори: „СДСМ повеќе од еден месец повикува учество на 5 јуни на избори. И тоа е наша јасна определба. Ние го нарачавме целиот рекламен материјал за изборите, ја испечативме нашата програма, флаери, брошури во преку 500 илјади примероци. Ние сме комплетно организирани во штапски структури, три пати повеќе присутни сме на терен од ВМРО-ДПМНЕ. Но ако опозицијата не се бори за регуларни, фер и демократски избори, кој ќе се бори во оваа земја? Оваа борба да, е за власта да падне, бидејќи е автократска и режимска. Но без регуларни, фер и демократски избори, нема шанси Македонија, нема иднина Македонија. Секој момент кога ќе бидат исполнети условите за регуларни, фер и демократски избори, а тоа го заслужува секој граѓанин на светот, така и на нашата Македонија, опозицијата ќе оди на избори и ќе победи на тие избори“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1