Денеска е ден на здравството – во светот од дијабетес умираат близу 4 милиони луѓе


Меѓународниот ден на здравството оваа година се одбележува под мотото ,,Да го победиме дијабетот“. Од дијабетес во светот страда 8,5 отсто од вкупната популација во светот, соопшти светската здравствена организација.cjepivo-protiv-tuberkuloze-lijeci-dijabetes-slika-584379

СЗО секоја година избира еден светски здравствен проблем и на тој ден организира меѓународни, регионални и локални манифестации, со цел да се истакне значењето на избраниот глобален здравствен проблем. Оваа година, Светскиот ден на здравјето се одбележува под слоганот: „Остани супер! Победи го дијабетесот“.

Темата е одбрана бидејќи сè повеќе луѓе заболуваат од дијабетес како последица од прекумерна телесна тежина и физичка неактивност, вклучувајќи ги и децата. Овогодинешната кампања првенствено се однесува на земјите со среден и слаб финансиски развој, со цел да овозможи ефективни и достапни активности за борба против дијабетесот.

Дијабетес или шеќерна болест, е хронично системско пореметување на метаболизмот, кое се карактеризира со хипергликемија, односно трајно зголемување на нивото на гликоза во крвта. Постојат 2 главни форми на дијабетес. Луѓето со дијабет тип 1 обично не произведуваат своj инсулин хормон и затоа користат инсулински инекции за да преживеат. Луѓето со дијабет тип 2, кој се наоѓа кај околу 90 отсто од случаите, обично произведуваат свој инсулин, но не е доволно неговото количество или не се во состојба да го користат правилно.

Начелата за подобрување на оваа состојба, според СЗО вклучуваат: здрава храна и намалување на шеќер во исхраната, постојана физичка активност, проверка доколку постои сомневање дека лицето има дијабетес (симптомите вклучуваат зголемена жед, глад, губење на тежина, замор и заматен вид), контролирање на состојбата со медицински третмани и избегнување штетни навики како пушење.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1