Спотот кој најголемата музичка ѕвезда Тоше Проски го снимил пред 8 години за песната „Жао ми је“, ќе биде претставен пред македонската публика во наредниот период, пренесе Дневник.
Се работи за спот снимен пред осум години во кој се појавува и поранешната мисица на Македонија, Сара Леши.
– Бевме во една продуцентската куќа да се договориме за некои проекти поврзани за постхумната кариера на Тоше. Додека разговаравме со челните луѓе на продукцијата, тие не` прашаа што да прават со спотот што го снимиле за песната „Лажем те“ и кој досега не бил пуштен во етер. Првин го погледнавме и можам слободно да речам дека Тоше никогаш не изгледал толку добро како во тоа видео издание. Моментно се доработува, односно заднината на снимката, а за тоа ќе се погрижи „Аворд продукција“, вели Славен Ристески од интернационалната фондација „Тоше Проески“ за Дневник.
Тоа е единствената композиција од албумот на Тоше од 2005 што нема македонска верзија.
Оваа песна многу му се допаѓала на Тоше па затоа и бил веднаш направен видео запис за неа.