Ќе се шират зарази и илјадници ќе умрат – СЗО предупредува што ни носат климатските промени


Експерти на Светската здравствена организација (СЗО) предупредуваат дека екстремните временски прилики и глобалното затоплување можат да однесат стотици илјади животи.

Со тоа ваквите промени ќе го олеснат ширењето на низа болести како маларија, денга грозница или чикунгунија, соопшти Светската здравствена организација.apokalipsa-nevreme-poplave-suse-1396300215-471663

Според податоците на СЗО, климатските промени го загрозуваат квалитетот на воздухот, водата и исхраната.

Со продолжување на постоечките трендови глобалното затоплување меѓу 2030 и 2050 година ќе биде одговорно за смртта на 250.000 луѓе годишно.

Со зголемување на бројот на гладни, водечки причини за зголемена смртност ќе бидат и дијареата и екстремните жештини.

Експертите предупредуваат дека последиците од климатските промени нема да бидат ограничени само на земјите во развој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1