Ќе се снима продолжение на Казабланка


Еден од најдобрите филмови на сите времиња ,, Казабланка,, кои се појави во кината пред 70 години може да го добие својот долго очекуван римејк.

Внуката на еден од основачите на ,,Варнер,, студиото Кес Варнер размислива сериозно да сними продолжение на филмот по сценарио на Хауард Коч кој бил соработник на филмот и во неговата прва верзија. Внуката во домот на хауард пронашла неколку сценарија за продолжетокот со наслов ,, Враќањето во Казабланка,, Според сценариото Лиса и Виктор Ласло безуспешно се обидуваат да го пронајдат Рик, новопечен член на силите на слободна Франција во борба во северна Африка.

Снимањето на филмот не е официјално потврдено, но во Холивуд веќе наголемо се шпекулира кој би можел да го игра Ричард. Историчарите на ,,Казабланка,, сметаат дека тоа треба да е Џозеф Гордон-Левит. Култниот филм во кои главните улоги ги имаа Хемфри Богарт и Ингрид Бергман освои три оскари и место во националниот филмски регистар на САД.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1