Ќе се удавел попот фрлајќи го крстот во Австралија – го спасувале верниците


Македонската заедница во Перт, Австралија денеска организирала фрлање на крстот во реката Свон по повод православниот празник Богојавление, а на ниту еден од присутните не му паднало на ум дека на големиот православен празник ќе присуствуваат на еден трагикомичен настан пишува Вест .

vodiciЦеремонијата ја следеле околу 300 верници, а по крстот се скокнале 40 македонски иселеници. За време на литургијата Македонците за малку ќе останеле без попот Васко Каранфиловски, кој во еден момент, изгубил рамнотежа од невнимание и паднал од чамецот во реката. За среќа, попот бил изваден жив и здрав од спасувачите.

На свеченоста учествувал поп пејачот о Македонија, Јован Радњански кој за Вест ја раскажува случката со попот:

– Се беше прекрасно. Единствено ми беше невкусно и необично што попот чиноначалствуваше на лош англиски јазик пред македонски верници баш во услови кога го браниме македонскиот јазик. Па се израдував кога падна од чамецот во водата. Наместо по крстот, луѓето навалија по попот од вода да не се удави. Целата ситуација беше трагикомична, рекол Радњански.

Многу австралиски и странски туристи паѓањето во вода на попот го протолкувале како дел од ритуалот.

Фото – Вест

EA53345B0970AD4E92FD9A6EF51BBCEF

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1