Ќе се вика Максим и ќе биде ракометар на Металург – Будимир стана мајка


budimir1Поранешната ракометарка, а сега тренер на подмладокот во РК „Металург“, Андријана Будимир, се породи вчера (1 март) и на свет донесе машко бебе.

Приновата во семејството на Будимир и нејзиниот сопруг Јохан тежи 3,2 килограми, има 53 см должина и веќе го доби своето име – Максим.

„Многу сум среќна и веќе сега предвидувам дека Максим ќе биде иден ракометар на ’Металург’ и иден репрезентативец на нашата прекрасна земја. Се чувствувам добро и многу, многу среќно“, изјави Будимир за официјалната страница на својот клуб.

Утрински весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1