Ќе ви се стегне грутка во срцето: Брза помош била повикана во училиште – сите се вратиле со солзи


Маја Паунковиќ, која работи во Брзата помош во Крагуевац неможела да ги сопре солзите откако добила повик од основното училиште. Маја на својот профил на Фејсбук опишала што се случило откако добиле повик дека девојче паднало во несвест на часот по физичка култура. Нејзината објава ви ја пренесуваме:

“ Прва смена, се онесвестило девојче од 14 години во Основно училиште на часот по физичка култура. Возилото со ротација, возеше на црвено, заобиколување на автомобили… стигнавме за 4,5 минути на местото.devojce place solzi

Се стрчавме со опрема, видовме бледо, слабо девојче. Ни беше мило, што стануваше збор само за колабирање, среќа не е ништо полошо. Ги проверивме сите витални параметри, подобра е. Ја прашавме дали појадувала, рече дека не. И рековме дека мора да појадува особено кога има час по физичка култура… и тогаш почнува приказната, која убива и доведува до прашањето: кога стигнавме на дното?

Мајката на девојчето има мултиплек склероза, била наставничка, сега е полупокретна, на постојани терапии и неможе да работи. Има сестра 12 години. Татко им ги оставил кога мајка им се разболела и сега се препуштени сами на себе. Во сред зима се во летна облека и без јакни. Децата од одделението собираат пари за да им купат појадок, гардероба, но тие никогаш не се жалат дека се гладни, дека им е ладно, дека се жедни. Мислат дека е доволно што мајка им е жива и дека треба да трпат и така да живеат.brza pomos belgrad srbija bolnica

Ја повикавме нејзината помала сестра да биде со неа, бидејќи се исплаши, да има некој близок до неа. Влегува девојчето од 12 години, се спушти на колена и почна да ја бакнува и прегрнува целата уплакана, постојано и повторуваше “ќе бидеш подобра, не се плаши“.

Плачат и двете, ја свртев главата на страна, затоа што сфатив дека ми доаѓаат солзи, плачам, гледам да не ме видат, срамота е заради работата што ја работам, се прибирам, се насмевнувам. Ја прашавме сестричката дали е јадена, а таа кажа: “Добро сум јас, нема врска, можам и да не јадам, помогнете и на сестра ми“.

Ја гризнав усната да не ми потечат солзите повторно.

Социјалната служба, сите институции, не нашле време да му помогне на ова семејство. Се прашувам за што се виновни овие деца: за болеста на мајка им, за несовесниот татко или за државата која е несовесна толку за да им помогне на ваквите семејства?

Дали можеме вака да работиме со деца, како да ни се за фрлање, какви ќе бидат овие деца кога ќе пораснат?

Ја однесовме до болница да неколку дена биде на педијатрија, а помалата сестра ја испрати во солзи, а мене ми остана грутка и тежина во градите. Нема понатака, ова е зло. Колку вакви семејства има во Србија, колку болни мајки и татковци, колку гладни деца, а колку тајкуни, политичари кои уживаат во благосостојба одземајќи им ја среќата ва овие семејства?!“, прашува Маја.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1