Кејт Мидлтон носи девојче, ќе биде крстена по принцезата Дајана


Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, неодмана соопштија дека би сакале нивниот син Џорџ да добие сестричка.

Ваквата желба ќе им биде исполнета, бидејќи е утврдено дека бремената Кејт носи девојче, објавуваат лондонските медиуми,vilijam i kejt

Малата принцеза би требало да се роди во април и речиси сигурно ќе биде крстена по покојната мајка на Вилијам, Дајана.

– Блиски пријатели на Вилијам и Кејт открија дека нивната ќерка ќе се вика Дајана. Уште пред да се роди Џорџ, разговарале за женски имиња и сега се навистина среќни што ќе можат да и оддадат ваква почит на покојната принцеза, изјави Ендрју Мортон, авторот на биографијата на принцезата Дајана.

Британските медиуми наведуваат дека Кејт воопшти не штедела при набавката на се што е потребно за едно женско бебе и веќе е подготвен цел плакар облека за идната принцеза Дајана.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1