Контроверзна снимка: Автомобил киднапиран од вонземјани!


Завчера, на Youtube, беше објавена неверојатна снимка од безбедносна камера во Северна Дакота, САД. Имено, на снимката може да се види како во доцните ноќни часови, еден автомобил се движи по пустата улица, а момент подоцна, по силен блесок, исчезнува.

Настанот е снимен на главната улица на градот Кавалир, од камерата поставена на покривот на блиската зграда.ufo-car-abduction-ND-650x325

Нема да биде прв пат ако на крајот излезе дека ова е лажно видео, но како аргумент за вистинитоста многумина ја истакнуваат сенката под автомобилот. Ако го забавите/запрете видеото во вистинскиот момент, ќе ја забележите сенката под автомобилот, од самиот автомобил. Тоа алудира дека изворот на исклучителната силна светлина доаѓа озгора, а не е едноставен видео ефект што би го осветлил севкупното видео. Од друга страна, звукот несомнено потсетува на деатоматорот што го користат Вил Смит и Томи Ли Џонс во „Луѓе во црно“.

А вие, што мислите?


ПС. Слободно прескокнете ги првите 50 секунди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1