Почина Пантиќ од „Тесна кожа“


Познатиот српски актер Никола Симиќ починал денес по долго и тешко боледување.

Како што пишуваат српските медиуми, 80 годишниот актер годинава два пати се оперирал на Институтот за урогологија и нефрологија, поради рак на тестисите и простатата.pantic500

Српскиот театарски и филмски актер е роден на 18 мај 1934 година во Белгрд. Во гимназиските денови глумел во драмската секција, а подоцна дипломирал глума на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград.

Симиќ првата улога ја остварува како студент во 1957 година во Југословенското драмско позориште, чиј постојан член е од 1959 година.

И покрај многубројните негови улоги, најзапаметен ќе остане во главната улога на Мита Пантиќ од филмскиот серијан „Тесна кожа“. Познат е и по позајмување на гласот на јунаците од цртаните филмови, како оние на Нинџа желките и Душко Долгоушко.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1