Керфур затвори, македонски фирми останаа со милионски побарувања


Хипермаркетот на светски познатиот трговски синџир Керфур во Сити мол од четвртокот е затворен, а неколку македонски фирми кои го снабдувале маркетот имаат милионски побарувања, пренесува Макфакс.kerfur

По само три години постоење, супер маркетот е под клуч, а веќе подоллго време во медиумите се шпекулираше дека маркетот има милионски долгови кон македонските фирми, за што алармираа и од Стопанската комора. Затворањето очигледно се наѕираше неколку месеци наназад, првично поради празните рафтови и се помалку производи кои им се нудеа на клиентите.

Владата најави дека во рамките на своите надлежности ќе се вклучи во случајот со затворањето на супер маркетот “Керфур” во Скопје Сити Мол. Од Владата велат дека дописот од Стопанските комори кои побараа владата да се вклучи во случајот е разгледан со полно внимание и сите државни институции кои се надлежни за овој и сите други случаи ќе постапат согласно законот.

Сумите кои фирмите поединечно ги побаруваат варираат од неколку илјади до десетици илјади евра.

Дел од медиумите веќе пишуваат дека “Керфур” немал само долгови кон снабдувачите, туку и кон банките за подигнати кредити кои веќе ги активирале хипотеките. Неофицијално, компанијата која управува со маркетот досега навреме ја плаќала киријата во трговскиот центар и нема долгови по овој основ.

Вработените во “Керфур” веќе неколку месеци бараа информација од претпоставените за состојбата на компанијата и кога ќе им се исплатат заостанатите плати за 3 месеци наназад.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1