ДС: Имаме сериозен проблем со кражби во становите и куќите, да се врати позорната служба


Демократскиот сојуз ја афирмира потребата за враќање на полицајците- позорникари во сите населени места, како гаранти за заштита на имотот и поголема безбедност на граѓаните.pavle trajanov

Интегрален текст
Сите сме сведоци дека во последните неколку години е зголемен бројот на кражби во становите и куќите, разбојништво на улица, како и провали во автомобилите. Голем број на кражби во домовите на граѓаните се вршат на дрзок начин, односно додека тие се наоѓаат во домот (во текот на ноќта).

Се поголем број на граѓани се жалат за извршени провали и кражби, а немаат можност на кого да му презентираат информации, при што комуникацијата со полициските станици е повеќе формална, односно официјална но не и ефикасна..
Системот на полицајци – позорникари, на терен, може да биде основа за спречување на тешки кражби, евидентирање на познати криминалци (кои се под надзор) при нивното движење во населбите и сл.

Сегашниот ангажман на полицајците „алфи“ се ефикасни за апсење на веќе осомничени, но не може да бидат замена за полицајците во униформа кои секојдневно се во комуникација со граѓаните.

Од друга страна, во ситуација кога во Македонија сериозно е разнишана довербата во државните институции, а со тоа и во МВР, неопходно е нејзино обновување преку директна комуникација меѓу полицијата и граѓаните, токму преку реонските полицајци, односно локални позорникари.

Демократскиот сојуз предлага во рамките на реформите на полицијата да се воведе повторно позорната служба имајќи ги предвид досегашните позитивни и компаративни искуства.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1