Над 5.000 бегалци на Идомени чекаат да влезат во Македонија


Продолжува бранот бегалци кон неутралната зона меѓу Грција и Македнонија во реонот на граничниот премин Идомени, откаде во последните 24 часа поминале две илјади лица, соопшти грчката полиција.bura-od-migranti-630x315

Во исто време во кампот за привремен престој на граничниот премин Идомени чекаат 1.900 бегалци, кои се сместени во шатори и во автобуси, а други 3.400 бегалци се пред бензиската пумпа во регионот, откако биле довезени со 69 автобуси.

Грчката полиција претпоставува дека во следните 24 часа ќе се зголеми бројот на бегалци на граничниот премин Идомени, откако ќе заврши штрајкот на грчките морнари.

Поради штрајкот на морнарите во последните два дена не се превезуваа бегалците.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1