Драган Каранфиловски – Бојс ја изгуби битката со тешката болест и на 59 годишна возраст почина.
Оваа тажна вест ја сподели неговата ќерка Верица Каранфиловска, која на својот профил на Facebook објави: Саканите луѓе не умираат, тие живеат во нас. Почивај во мир голем човеку, душа наша!
Бојс ќе биде запаметен по неговите огромни хитови како што се „Опасно сум вљубен во тебе“, „Валерија“, „Лулај ме нежно“, „Парижанка“, „Афричко лето“ и многу други.
Автор е на многубројни хитови испеани од други пејачи, а исто така стои зад песната „100% те љубам“ со која настапија XXL на Евровизија во 2000 година.
Бојс беше успешен композитор, аранжер, продуцент, гитарист и пејач. Во 2014 година, тој заслужено ја доби награда за животно дело на „Златна бубамара“.