Дали Порше е виновен за смртта на Пол Вокер? Неговата 16-годишна ќерка Медоу мисли дека е така, поради што нејзиниот тим адвокати состави тужба, тврдејќи дека нејзиниот татко изгорел жив поради неисправноста на автомобилот.
Ѕвездата на филмскиот серијал „Брзи и бесни“, Пол Вокер трагично загина на 30-ти ноември 2013-тата година, а во моментот на смртта бил сопатник во автомобилот на пријателот.
Адвокатите на неговата ќерка тврдат дека во мигот на несреќата сигурносниот појас го повлекол торзото на Пол наназад, со што ми биле скршени ребрата и дословно бил заробен во седиштето.
Во тужбата, што ексклузивно ја доби ТМЗ стои дека пожарот не ескалирал до 1 минута и 20 секунди по сударот. Кога избил пожарот Пол бил сеуште жив.
-Пол вокер вдишал чад додека автомобилот горел, стои во тужбата.
Според полицискиот извештај црвеното Порше се забило во столб а потоа се запалило поради преголемата брзина, но адвокатите тврдат дека Роџер Родас, пријателот на Пол кој управувал со возилото, непосредно пред несреќата возел со брзина помеѓу 101 и 104 километри на час.
-Ако Поршето имаше одговарачка стабилизација на системот несреќата немаше да се случи, стои во тужбата.
Според нив заклучокот е следен: Порше Карера ГТ е опасен автомобил и местото не му е на патиштата и денес не би биле без Пол и Роџер заклучиле адвокатите.