Ќерката на познат бизнисмен пронајдена мртва крај Дрезден – била киднапирана, не платиле откуп


Германска полиција во мало место крај Дрезден го пронајде телото на исчезната девојка, откако таа беше грабната и за неа беше барана откупнина од 1,2 милиони евра, соопшти во вторникот портпаролот на полицијата.Screenshot_31

Според портпаролот, полицијата го пронашла телото на грабнатата девојка во понеделникот ноќта во градина во местото Ламперздорф. После тоа, биле уапсени двајца мажи, на 39 и 61 година, во Дрезден и во Баварија.

Жртвата, на која ѝ е објавено само името – Анели, девојка на 17-годишна возраст, исчезнала минатиот четврток откако излегла од домот на родителите во мало место во близина на Дрезден. Била на прошетка со песот, кој во меѓувреме е пронајден.

Полицијата во понеделникот ја зајакна потрагата по Анели, откако таблоидот Bild објави дека од нејзините родители е побарана откупнина.

Полицијата и родителите на девојката во понеделникот преку медиумите ги повикаа грабнувачите да ја ослободат. Родителите порачаа дека се подготвени „да ги исполнат барањата за да можеме повторно да го прегрнеме нашето дете“

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1