Ќерката на актерот Робин Вилијамс се огласи на Твитер по смртта на својот татко. Оваа порака трогна милион срца ширум светот.
„Те сакам“. Ми недостигаш. Ќе продолжам да гледам во небото, напиша Зелда Вилијамс на крајот на пораката која ја објави на друштвените мрежи.
Веста за ненадејната смрт на фантастичниот актер Робин Вилијамс го шокираше светот, а неговата ќерка Зелда од својот татко се прости со песна на Антоана де Сент Егзеперија, која ја објави на својот Инстаграм профил.
Ти- само ти ќе имаш ѕвезда каква што немал никој друг. Во една од ѕвездите ќе живеам и јас. Во една од нив ќе се смеам јас, и така ќе биде како сите ѕвезди да се смеат кога ќе погледнеш во небото.
Ти, само ти ќе имаш ѕвезда која може да се смее.
Те сакам, ми недостигаш….