Ќерката на Витни Хјустон во вештачка кома, докторите се борат за нејзиниот живот


Боби Кристина Браун која неколку години тешко се бори со изненадната смрт на нејзината мајка, музичката дива Витни Хјустон, се наоѓа на интензивна нега, а нејзиниот сопруг Ник Гордон ја пронашол во када полна со вода без да дава знаци на живот.bobi-kristina-bolnica-ap-rojters-1422775439-612891

21-годишната ќерка на Боби Браун и витни Хјустон е во критична состојба и докторите се борат за нејзиниот живот. Таа вчера беше пронајдена во својата куќа во када полна со вода, а ја пронашол нејзиниот сопруг кој и пружал прва помош додека не пристигнала Брзата помош.. Боби Кристина е ставена во вештачка кома бидејќи лекарите забележиле дека има оток на мозокот.

– Не знаеме што се случило, не знаеме зошто не давала знаци на живот – изјавил Гордон.

– Криси не се дрогира, не пие и не се дрогира и ги оставила цигарите – изјавил нејзиниот татко.

Полицијата се уште истражува што се случило во домот на Боби Кристина и Ник Гордон.

Дивата Витни Хјустон, мајката на Кристина беше пронајдена мртва во када пред 3 години во Калифорнија. Витни почина на 48-годишна возраст во када на хотелскиот апартман 434 „Беверли Хилтон“ хотелот, без свест и потопена во вода. Како непосредна причина за смртта е наведено случајно давење, како последица на срцева болест и консумирање на кокаин.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1