Киднаперот на авионот проговорил: Што би направиле вие кога не би ја виделе сопругата и децата 24 години?


Египетското јавно обвинителство побарало екстрадиција на мажот кој кипарското правосудство го сместило во притвор под обвинение за киднапирање на авионот на „EgyptAir”.

Државниот обвинител Набил Ахмед Садек побарал од „кипарските власти да им го екстрадираат осомничениот Сеиф Ал-Дин Мохамед Мустафа на египетските власти“, се истакнува во медиумите.02-kidnaper-avion

Судијата Андреас Ламбријану после сослушувањето на осомничениот, рекол дека тој ја прашал полицијата: „Што друго можете да направите ако не ги видите сопругата и децата 24 години, а египетската влада ве спречува во тоа?“

Сепак, еден кипарски дневен весник пишува, пренесувајќи ја изјавата на неговата поранешна сопруга, дека осомничениот 24 години не се грижел за своето семејство. Ламбријану додал дека полицијата сè уште мора да го утврди видот на течностите пронајдени во неговиот багаж.

Необичното киднапирање и неговиот среќен крај поттикнаа многу духовити коментари на социјалните мрежи.01-kidnaper-avion

„Сопругата ми рече: Не ме сакаш доволно. Никогаш не си киднапирал авион за да дојдешкај мене“, пишува во една порака на Твитер

Судските власти во Ларнака го притвориле на осум дена 58 – годишниот Египќанец, кој го опишуваат како „психички нестабилна личност“, пишува порталот „ABC”.

Тој за време на летот A-320 од Александрија за Каиро барал авионот да слета на Кипар и неговата сопруга, која живее во Кипар и со која има повеќе деца, да дојде на аеродромот за да ѝ предаде писмо. Сеиф Ал-Дин Мустафа живеел на Кипар до 1994 година.
Стјуардеса: Киднаперот ги проверуваше пасошите на патниците, сакаше странци

Стјуардесата Руиса Ихаб од „EgyptAir” изјавила дека мажот кој го киднапирал авионот и го принудил наместо во Каиро да слета на аеродромот во Ларнака, ги контролирал пасошите на патниците за да види кој од нив не е Арап. Ихаб за агенцијата АП рекла дека киднаперот „сакал странци… само странци“.

„Тој не сакаше Египќани и луѓе кои имаат двојно државјанство“, рекла таа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1