Киднапираната Медeлин најдена во Нов Зеланд?


Девојче од Нов Зеланд, многу наликува на исчезнатата Медлин и повеќе лица се јавиле во полиција пријавувајќи дека ја виделе киднапираната Медлин. Полицијата за да ги отстрани сите сомнежи нареди да се направи ДНК анализа за да се утврди дали девојчето е или не е Медлин.

medlin1Девојчето чии идентитет се крие заради нејзина заштита неверојатно наликува на малата Британка Меделин Мекејн, која исчезна во Португалија во 2007 година на 4 годишна возраст. Според извори на медиумите од Скотланд Јард, девојчето ја имало и речиси идентичната шарка во десното око, како и Меделин.

article-2274826-0E70F80C00000578-190_634x358Меделин исчезна во Португалија од куќата каде била на одмор со нејзините родители. Нејзиното исчезнување е едно од најекспонираните и медиумски и по социјалните мрежи.

Кога исчезна таа спиела во собата, сама во куќата бидејќи нејзините родители биле на вечера со пријатели во ресторан на неколку минути од куќата. Мајката на Медлин дошла да провери како е таа, но кога дошла прозорецот бил отворен а девојчето не било во креветот. Полицијата првично го обвини нејзиното семејство дека ја киднапирало. 

article-2274826-12C2D089000005DC-551_634x550Подоцна беа ослободени од сомнението. Имаше осомничен и скитник за кои очевидци го виделе како го надгледува девојчето. Беше приведен и испрашуван но и тој подоцна беше ослободен. Полицијата го пребара и цело градче во случај да не го пронајде телото на Медлин, но и тоа не вроди со плод.

Родителите отогаш водат агресивна медиумска кампања. Постери од тогаш до денес се на кутии од храна и по весниците и сајтовите.

За пронаоѓањето на Медлин се нуди и парична награда, а нејзиното семејство се уште не губи надеж.  Секој 2 години се објавува и фоторобот за тоа како би можела Медлин да изгледа сега. Девојчето е исчезнато од 2007.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1