Фото: Женичката која сакаше да скокне од камени мост ја спасил полицаец


Полициски службеник од Единицата за борба против криминал – „Алфа“ е херојот кој вчера ја спаси 66-годишната Марица А. 

59704_4290984681907_469732123_nВо полицискиот билтен е наведено дека припадникот на „Алфите“ ја фатил Марица за рака и ја спречил да скокне во водите на Вардар од Камениот мост во Скопје, откако таа најпрво ги соблекла чизмите и се качила на оградата на мостот

Откако била разубедена во нејзината намера било повикано  возило на Брза помош и случајот е пријавен во полиција.

Фотографијата е во сопственост на Бранко Аврамовски, а се појави на фејсбук. На неа се гледа како случаен минувач зборува со старицата за да ја разубеди од намерата да скокне во Вардар. 66-годишна Марица А. се обидела да скокне од Камениот мост поради тоа што немала услови за живот. Немала пари да си ги плати сметките, а и го одзеле и станот. 

Оваа не е прв случај припадник на „Алфите“ да спречи обид за самоубиство. Последен кој можеби во јавноста остави најмногу впечаток е обидот за самоубиство кај мостот Близнак во скопски Аеродром кога по неколку часовни разговори, скопјанец беше разубеден во намерата да си го одземе животот.

Извор – Курир

Фото – Бранко Аврамовски

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1