Ким Јонг УН се закани: Во војната што следува нема да оставиме ниту еден Американец жив!


Северна Кореја се закани дека нема да остави „ниту еден Американец жив“ ако двете земји повторно се сретнат на бојното поле.

Заканите ги упатил севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, на прославата на 62-рата годишнина од примирјето со Јужна Кореја.130329_kim_jong_un_reu_605

-Ерата во која САД нé уценуваа со нуклеарно оружје е одамна завршена, сега САД не се извор на закана и страв за нас. Ние сме единствениот извор на страв за нив, изјавил Ким во говор во саботата, а пишаната верзија на истиот говор била пренесувана на севернокорејската национална телевизија цел ден.
Тој ги охрабрил помладите генерации во Северна Кореја да продолжат да се борат со цел да го заштитат духот на државата, сега кога имаат сопствени нуклерни оружја.

Но не упатува закани само лидерот туку и генералот Пак Јонг Сик од Армијата на народот на Кореја, за кој воедно се шпекулира дека е новиот министер за одбрана на земјата.

Сик се заканил дека Северна Кореја е подготвена да се бори со Америка додека „не види знак на документ за предавање“, ако испровоцираат нова војна.

-Има повеќе од 60 години откако престана огнот во оваа земја, но мирот сé уште не е постигнат. Изминатата војна во Кореја го започна крајот и падот на САД, но втората Корејска војна ќе го донесе конечното уништување на империјализмот на САД, рекол тој.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1