Кинеле дневници и го поплавиле училиштето


Во текот на вчерашниот ден околу 09.10 часот во ПС-Гостивар, директорката во ОУ„Сали Лиси“ во с.Добри Дол, пријавила дека од страна на засега непознат сторител во училиштето оштетени се повеќе дневници и направено е оштетување на подот и плафонот поради пуштање на вода.

skolo vnatreУвид на лице место извршила увидна екипа од ПС-Гостивар, при што е констатирано дека сторител/и влегле преку отворен прозорец во  приземјето  и од наставничката канцеларија, земале 12 дневници и ги рафрлиле, 4 ставиле во канта за ѓубре, а 4 фрлиле во тоалетот, а потоа ги пуштиле славините од трите чешми во тоалетот, истите ги наводениле и предизвикале поплава во една училница, а исто така направено е оштетување на таванот од ходникот на приземјето.

ПС-Гостивар презема мерки за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1