Кинеска Нова година ќе славиме вечерва во Скопје


Кинеската Нова година ќе биде одбележана и во Скопје со богата културно уметничка програма, најави денеска скопскиот градоначални Коце Трајановски по средбата со делегација на збратимениот град Нанчанг од НР Кина.

– Оваа посета денеска е во чест на прославата на Кинеската нова година, а оваа година, на наше задоволство го одбраа токму градот Скопје во кој ќе ја прослават таа манифестација. Во таа чест вечер во 20 часот ќе има претстава во Македонскиот наредон театар, истакна Трајановски.Chinese-New-Year-red-decorations

На средбата се разговарало за досегашните активности што ги имаат двата града, како и за понатамошната заедничка соработка. Трајановски информираше дека добил покана од градоначалникот на Нанчанг да го посетат нивниот град.

Заменик претседавач на Постојаниот комитет на Народниот конгрес на Нанчанг Жоу Шулинг се заблагодари за, како што рече, топлиот прием во Скопје, и појасни дека со делегацијата на Нанчанг е и културениот ансамбл на нивниот град кој вечер ќе настапи во МНТ во чест на прелетниот фестивал кој во Кина е најзначаен празник.

Вечер ќе се одржи музичка и танцова претстава на културниот ансамбл од Нанчанг, додека утре во 12 часот во Градскиот трговски центар, ќе се одржи „Кинески пролетен фестивал во Скопје” на кој присутните ќе можат да се запознаат со дел од богатата кинеска култура.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1