Кинески инженери успеаја да го загреат водородот до температура три пати повисока од таа на Сонцето.
Тимот успеал да ја одржи температурата од 50 милиони Целзиусови степени, околу две минути со што се постигнал рекорд со кој се докажал декаеден ден од нуклеарната фузија може да настане широко достапен извор на енергија.
Кинескиот експеримент бил спроведен минатата недела на магнетен фузиски реактор на Институтот за физика во Хефеј.Реакторот ЕАСТ го загреал водородот на околу 50 милиони Келвини (49,999 милиони Целзиусови степени). За споредба, Сонцето генерира температура од околу 15 милиони Келвини.