Кингерот на Трајковски летал со погрешен план!


Тимот на Омер Кулиќ ја затвори истрагата во Македонија за падот на кингерот на претседателот Борис Трајковски

Boris-Trajkovski-630x418Според  комисијата за повторно спроведување на истрагата веќе е извесно дека летот на Кингерот почнал со пропусти како на пример со погрешен план за летање. Тимот од  Агенцијата за цивилно воздухопловство и од Службата за заеднички работи при Владата собрал доволно податливи и релеватни докази. При тоа  констатирани се системски грешки, индивидуални пропусти,  погрешно донесени одлуки и проценки, објави МТВ.

Сега комисијата ќе ја продолжи истрагата на босанско тло. Ќе бараат некои дополнителни документи од францускиот контигент на НАТО во Босна во поглед на контролата на летање.

Тимот на Кулиќ од Францускиот контигент ќе го побара досието за процедурата според која летал кингерот на релација Скопје- Мостар, што досега не и било дадено на увид на Комисијата.

Особено е битно што ќе се бара од босанското цивилно воздухопловство да достави документација кадешто ќе се види јасно кој одлучил процедурата за слетување на кингерот да биде променета на непрописен начин.

Иако беше најавувано дека месецов ќе излезат со извештај од комисијата тврдат дека сепак ќе и бидат потребни уште два до три месеци максимум, бидејќи тие работат по комплексна „Шел“ методологија. А таа подразбира дека во истрагата се е битно и секој момент се истражува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1