Правнуката на Григор Прличев се поклони на неговиот гроб


Да се чествува големото дело што го оставил маркантниот Григор Прличев за мене е огромна чест, но и обврска.

Ова за Супер радио минатата година го изјави правнуката на Григор Прличев, Олга Григорова Прличева пред да положи ловоров венец на бистата од нејзиниот дедо во Охрид во рамките на последните Прличеви беседи.

olgaprlicevaПрличева и деновиве престојува во Охрид каде достојно ќе му оддаде почит на нејзиниот дедо, великанот Прличев.

Ова за мене е огромна чест, но уште поголема обврска. Се стремам да ги следам и почитувам заветите на Прличев. Го продолжувам неговото дело. И јас се занимавам со филологија. Работев во Бугарската академија на науките и уметностите, во кирилометодиевскиот центар и имам задоволство не ретко да соработувам со Македонската академија на наукитеи уметностите, изјави за Супер радио внуката на Григор Прличев, Олга Григорова Прличева.

Таа е внука на Григор, од неговиот син Кирил Прличев. Освен неа, минатата година за време на Прличевите беседи во Охрид престојуваа  правнуците на Кузман Шапкарев, Марио Примджанов, Петар Мутафчиев и Елизабета Шапкарева.

Супер радио

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1