Кирил Лазаров најдобар десен бек на светот за 2014


Македонскиот ракометар Кирил Лазаров (Барселона), е прогласен за најдобар десен бек на светот за 2014 година, според изборот на интернет-страницата специјализирана за ракомет „Хандбал Планет“

Жирито составено од 24 ракометни новинари од цел свет, како и од публиката, која во огромен број (повеќе од 170.000 гласови), го искажа своето мислење, донесе одлука дека Французинот Никола Карабатиќ (Барселона), е најдобар ракометар за годинава, додека македонскиот ас, е најдобар на својата позиција, пред Унгарецот ласло Наѓ, Србинот Марко Вујин, односно пред соиграчот од македонската репрезентација Ренато Вугринец.
kiril lazarov

Ова е четврта последователна година како „Хандбал-планет“ организира ваков избор. Во 2011 година, најдобар играч беше Ласло Наѓ, следната година Чехот Филип Јиха, а лани Хрватот Домагој Дувњак.

Најдобри осум
Лево крило: Гудјон Сигурсон (Барселона – Исланд)
Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ – Данска)
Централен бек: Никола Карабатиќ (Барселона – Франција)
Десен бек: Кирил Лазаров (Барселона – Македонија)
Десно крило: Лук Абало (ПСЖ – Франција)
Пикер: Хулен Агинагалде (Киелце – Полска)
Голман: Никлас Ландин (Левен – Данска)
Одбранбен играч: Тобијас Карлсен (Фленсбург – Шведска)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1