Клинтон ги одбивал повиците на чешката манекенка за донаторската вечера, сè додека не му платила 500.000 долари!


За да ја одбележи 10-годишнината од цунамито во Индискиот океан во 2004 година, Петра Немцова, чешка манекенка која ја преживеала катастрофата држејќи се за палма, одлучила да ги отстрани сите препреки за донаторска вечера за својата фондација за изградба на училиштето „Среќни срца“ (Happy hearts), пишува „Њујорк тајмс“.

Како што се наведува, поранешниот претседател на САД неколку пати ги одбил повиците на Немцова да зборува на добротворната вечера, сè додека таа директно не му понудила да уплати 500.000 долари на Фондацијата на семејството Клинтон, за да се појави.

petra-nemcova-fondacija-tsunami-02

Кога го направила тоа, Клинтон се појавил на вечерата на Немцова на Менхетн, одржана на 19 јуни минатата година, пишува весникот „Бизнис инсајдер“.

Даг Вајт, директор на програмата за собирање фондови при Универзитетот Колумбија, изјавил за „Њујорк тајмс“ дека овој договор е необичен, бидејќи фондацијата на Клинтон е многу поголема. Фондацијата Бил, Хилари и Челси Клинтон, собрала две милијарди долари.

– Ова е мал, но значаен пример за начините на кои Клинтон функционира. Манекенката има одговорност – таа ја платила високата цена за момент со Бил Клинтон. А зошто тој бил на оваа мала добротворна вечера? Поради половина милион долари? Сметам дека тоа е, како би рекол – невкусно – истакнал Вајт.

Су Верес Ројал, поранешна извршна директорка на „Среќни срца“, оценила дека понудата до Фондацијата Клинтон е „трампа“.

– Фондацијата Клинтон повеќе од еднаш ги одби повиците на „Среќни срца“, додека не дојде до понудата за хонорар. Петра ми се јави и ми кажа дека мора да вклучиме хонорар и за Клинтон, дека тие не разгледуваат такви работи додека не им се понудат пари, и дека понудата мора да изнесува 500.000 долари – навела Верес Ројал.

Портпаролот на „Среќни срца“, изјавил за „Њујорк тајмс“ дека ѝ платиле на фондацијата на Клинтон, бидејќи „двете организации имаат заедничка цел да обезбедат суштинска помош за Хаити“.

Фондацијата Клинтон е под окото на јавноста откако Хилари Клинтон, поранешна државна секретарка, ја покрена кампањата за претседателка на САД во 2016 година.

„Среќни срца“ е фондација која помага во изградба на училишта после природните катастрофи. Немцова ја основала оваа фондација откако во 2004 година го преживеала катастрофалното цунами, кое ги разори Индонезија и дел од Тајланд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1